Џесика Алба официјално поднесе барање за развод по 17 години брак


3773c1ed-380e-4ab2-81c6-a0d068a52bf8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актерката Џесика Алба официјално поднесе барање за развод од филмскиот продуцент Кеш Ворен. Тие беа во брак речиси 17 години, а Алба го потврди разводот во средината на јануари.


Според документите до кои дојде Дејли Мејл, актерката го поднела барањето со помош на Лора Васер, која меѓу другите има работено за Ким Кардашијан, Аријана Гранде, Џенифер Лопез и Кевин Костнер. Алба и Ворен немаа предбрачен договор.

Актерката наводно планира да се откаже од презимето Ворен и повторно ќе го земе своето моминско презиме. Во текот на парницата ќе се утврдува и што точно ќе биде со нивниот заеднички имот. И двајцата бараат заедничко старателство над нивните три деца, ќерките Онор Мари (16) и Хевен Гарнер (13) и синот Хејс (7).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK