Џеси Џеј зборуваше за спонтаниот абортус, се расплака на сцената: „Нема начин да се подготвите за тоа“


Screenshot-2025-12-01-090349.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британската пејачка Џеси Џеј се расплака на сцената додека ја изведуваше новата песна „Comes in Waves“ од нејзиниот албум „Don’t Tease Me with a Good Time“, четири години откако доживеа спонтан абортус.


За време на настапот, таа отворено зборуваше за тагувањето и губењето на своето бебе во 2021 година.

„Денес се навршуваат четири години откако го изгубив моето бебе“, ѝ рече таа на публиката.

„Не знам дали некој поминал низ истото, но ако сте поминале, или ако познавате некого што поминал, навистина е ужасно“, додаде пејачката.

„Ова е нешто за кое никогаш не можете да се подготвите. Оваа песна е за секој што има потреба од прегратка. Се надевам дека ќе им помогне на другите, како што ми помогна мене“, рече Џеси Џ.

Песната „Comes in Waves“ има емотивен текст.

„Доаѓа во бранови, како да се давам во љубовта што ја сакав и што ми ја даде (…) И мразам колку ми недостига иднината што никогаш не ја создадовме“.

Уште во 2021 година, Џеси сподели на Инстаграм дека за време на третиот преглед открила дека бебето повеќе нема срцев ритам.

Две години подоцна, во мај 2023 година, пејачката го доби синот Скај со својот партнер.

 

фото/инстаграм

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK