­

Џенифер Лопез подготвена за нова врска: „Бара некој што не е јавна личност“


Screenshot-2025-03-24-075229.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џенифер Лопез е подготвена за нова врска еден месец по нејзиниот бурен развод со Бен Афлек, пренесува Page Six.


„Џенифер е подготвена да влезе во играта и не се откажала од барањето љубов. Нејзините пријатели ја охрабруваат да оди на состаноци и дефинитивно е подготвена да запознае некој нов“, рекол неименуван извор близок до пејачката.

Според извештаите, латино дивата е отворена за врска со некој кој овој пат не е славна личност. „Размислува да излегува со некој кој не е во очите на јавноста, но не се ограничува на некој конкретен тип“, рекол изворот.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Џеј Ло и Афлек официјално се разведоа на 21 февруари. Според судските документи, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот спогодбен развод на 6 јануари, шест месеци откако пејачката поднесе барање за развод. Двојката постигна договор со посредство уште во септември, со што избегна долга судска битка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK