Џеј Ло го одведе Афлек на празничен шопинг- неговиот израз на лицето кажува се’

Џеј-Ло-го-одведе-Афлек-на-празничен-шопинг-неговиот-израз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Деновиве многумина уживаат во празничниот шопинг. Купувањето храна за празничната трпеза, украси или новогодишни подароци носи многу задоволство. Но, не и за актерот Бен Афлек.


Неговата сопруга, пејачката и актерка Џенифер Лопез, го однела на божиќен шопинг во Западен Холивуд. Но, судејќи по неговиот израз, тој навистина не сакал да биде таму, пишуваат таблоидите.

Бен често папараците го фотографираат со нерасположен израз на лицето, а така беше и овој пат. Додека Џеј Ло пазарела со насмевка на лицето, на Бен се досадувал. Одвреме-навреме пишувал на мобилниот телефон, понекогаш гледал наоколу.

Во еден момент сопругата дури го бакнала во продавницата, но тој и тогаш не го тргал погледот од мобилниот. Конечно, тој ги погледна папараците и изразот на лицето јасно покажа што мисли за купувањето.

На славниот пар во шопингот им се придружија и нивните мајки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK