Џастин Тимберлејк е уапсен поради возење во алкохолизирана состојба, а сега се објавени и деталите за неговото апсење. Според кривичната пријава, Џастин три пати одбил алкотест и тврдел дека испил „само едно мартини“, пишува New York Post.
„Неговите очи беа крвави и стаклени, здивот мирисаше на алкохолен пијалок, не можеше да го задржи фокусот, говорот му беше нејасен, одењето му беше нестабилно и падна на сите стандардни алкотестови“, се наведува во извештајот.
Полицаецот рачно напишал во извештајот дека ѕвездата била „неурамнотежена“ додека одела по патот и дека не можела „правилно да ги следи упатствата“.
„Испив само едно мартини и ги следев моите пријатели до дома“, им рекол Џастин на полицајците, според извештајот.
View this post on Instagram
Полицаец кој бил во рутинска патрола вели дека Тимберлејк удрил во знакот за стоп и излетал од својата лента околу 00:17 часот, се наведува во документите. Тимберлејк со лисици бил одведен во полициско одделение. Таму три пати за половина час одбил алкотест. Папараци го снимиле како излегува од полициската станица.
На крајот, пејачот беше обвинет за возење во пијана состојба, удирање во знак стоп и преминување на спротивната лента. Ослободен е без кауција, пишува Дејли Мејл. Возачката дозвола во државата Њујорк му била суспендирана, но не се знае колку време. Неговото следно судење е закажано за 26 јули.
View this post on Instagram
„Господин Тимберлејк беше уапсен, процесуиран и задржан во текот на ноќта на утринско сослушување“, се вели во соопштението на полициската управа. „Господинот Тимберлејк беше изведен пред судот во Sag Harbor Valley Justice Centre.
Извор изјави за Page Six дека полицаецот кој го запрел не го ни препознал како Џастин Тимберлејк. Пејачот му рекол на полицаецот дека „ова ќе му ја уништи турнејата“, на што тој одговорил: „Каква турнеја?“