Џастин и Хејли Бибер ја објавија првата семејна фотографија со синот Џек

Screenshot-2024-11-05-071016.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џастин и Хејли Бибер на Инстаграм ја објавија првата заедничка фотографија со синот Џек кој се роди во август. Славниот пар со своите следбеници сподели фотографија која е создадена по повод Ноќта на вештерките, а тие се маскираа во ликови од цртаниот филм Ким Посибл.


Хејли беше истоимената хероина, Џастин и беше пријател Рон Стопебл, а малото момче беше облечено како миленикот на Рон, Руфус.

View this post on Instagram

A post shared by Hailey Rhode Baldwin Bieber (@haileybieber)

Лицето на Џек не беше свртено кон камерата. Обожавателите во коментарите им порачаа дека се прекрасно семејство. „Не знам зошто некои луѓе не те сакаат, прекрасна си“, „Секогаш треба да си толку среќна“, „Улогата на родител толку ти одговара“, продолжија коментарите.

Хејли ја објави оваа семејна фотографија заедно со уште неколку интересни моменти од октомври, а објавата досега собра четири милиони лајкови на Инстаграм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK