Два модели на вештачка интелигенција на „Опен АИ“ подготвиле и извеле сајбернапад


veshtachka-inteligencija-nasha.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Два модели на вештачка интелигенција на OpenAI со денови самостојно подготвувале и извеле сајбернапад врз платформата Hugging Face, а во истиот период компромитирале и корисничка сметка на клиент на технолошката компанија Modal Labs, објави Politico.


Според анализата на Hugging Face, моделите меѓу 9 и 13 јули извеле околу 17.600 хакерски операции, при што успеале да пронајдат и искористат слабости во одбраната на системите. Од компанијата велат дека моделите дејствувале значително побрзо отколку што би можел искусен човечки хакер.

Од OpenAI потврдија дека за време на истрагата откриле мал број случаи во кои моделите пронашле и искористиле јавно достапни пристапни податоци за сметки на други сервиси. Компанијата соопшти дека нејавниот истражувачки модел кој учествувал во нападот е деактивиран и повеќе не е достапен.

Инцидентот повторно ја отвори дебатата за побрза регулација на вештачката интелигенција. Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, изјави дека станува збор за првиот безбедносен пропуст што го погодил лично и додаде дека можеби ќе биде потребно да се забави развојот на AI за општеството да има време да се приспособи на новите ризици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK