Италијанската дизајнерка Донатела Версаче се појави на хуманитарниот настан на фондацијата Керинг за време на модната недела во Њујорк, чии домаќини беа актерката Салма Хајек и нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино.
69-годишната дизајнерка привлече внимание со својот изглед. Имено, со текот на годините таа правеше бројни естетски зафати кои и го искривија лицето и ја направија речиси непрепознатлива.
Донатела започна со операции во 90-тите години, а по смртта на нејзиниот брат, познатиот дизајнер Џани, во 1997 година, нејзиниот изглед почна да се менува и призна дека редовно користи ботокс.
„Не верувам дека жената треба да биде сосема природна“, рече таа еднаш.
Нејзиниот изглед со текот на годините драстично се менуваше, а поради претераните корекции таа редовно завршува на самиот врв на листата на ѕвезди кои претерале со естетските зафати.