Ди Каприо се крие пред фотографите откако беа објавени сликите од забавите на Диди

Screenshot-2024-09-25-084536.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо е снимен откако протекоа фотографии од забавите на Диди. Леонардо моментално е во Милано каде се одржува Модната недела.



Актерот е снимен додека се шета низ улиците на Милано. Се криел под маска за лице и капа што ја повлекол преку лицето за да не се гледа.

Конечно, папараците го фотографираа со семејството и пријателите на ручек во познатиот ресторан Il Salumaio. Во ресторанот ја извадил маската, но ставил очила за сонце.

Да потсетиме, Ди Каприо беше омилен гостин на забавата на Диди. Во клип од 2018 година, кој неодамна беше повторно објавен, Вог го праша Диди кој е број еден на неговата листа на гости за неговите „бели забави“. Тој одговори: „Леонардо ди Каприо“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK