Ди Каприо на двевна прошетка со новата девојка

за-Лео.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Леонардо ди Каприо беше фотографиран во Санта Барбара во средата, додека ужива во сладолед-состанок со својата нова девојка – убавата Италијанка Виторија Черети.


Оскаровецот (48) е 23 години постар од Виторија, која густира сладолед во корнет за да ги победи летните горештини.

И двајцата беа во лежерно издание за дневното рандеву. Виторија (25) на себе има куса црна маичка и кратки панталони.

Леонардо, чија козја брадичка вири под маската за Ковид-19, на себе има едноставна бела маица и кафени бермуди. Тој носи маскирна капа Laguna Surf & Sport.

Подоцна, ѕвездата на „Титаник“ беше фотографиран како држи ледено кафе од локалот Caffè лоциран во внатрешноста на „Риц-Карлтон Бакара“ во Санта Барбара.

Таблоидите не дознаа кога точно Леонардо ја запознал Виторија. Двајцата беа видени заедно во Франција кон крајот на мај, кога неговиот филм „Убијци на цветната месечина“ беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал.

Амбасадорката на брендот „Баленсијага“  се чини дека летово се запозна со неколку членови на внатрешниот круг на Ди Каприо, вклучувајќи ги манекенката на „Фјужн“ Нилем Џил и Меган Рош од „Ди-ен-еј“.

Моделот се раздели со својот сопруг два месеца пред да ја започне врската со познатиот холивудски ерген.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK