Странските медиуми објавија детали за разводот на Џенифер Лопез и Бен Афлек. Се дозна дека пејачката и актерката го дала 26 април 2024 година како датум кога престанале да живеат заедно. Датумот на поднесување е 20 август, точно втората годишнина од нивната венчавка, одржана на 20 август 2022 година.
Многумина беа изненадени од информацијата дека парот наводно не потпишал предбрачен договор. Без предбрачен договор, индивидуалната заработка на Џенифер и Бен во изминатите две години – без разлика дали од филмски проекти или други големи бизниси – се заедничка сопственост.
Џенифер, која има нето вредност од 400 милиони долари, снимила четири филма откако се омажила за Бен, вклучувајќи го и проектот „This Is Me… Now: A Love Story“ вреден 20 милиони долари, кој сама го финансираше и кој ја документира романсата на парот. Таа лансираше и коктели Делола и требаше да оди на светска турнеја, која на крајот беше откажана.
Бен, кој има нето богатство од 150 милиони долари, глумеше во филмовите Air (2023.) i Hypnotic (2023.). Тој, исто така, неодамна ја заврши продукцијата на продолжението на „Сметководител“ од 2016 година За дополнително да ги комплицираат работите, Џенифер и Бен работеа заедно на претстојниот филм „Незапирливи“. Афлек го продуцира проектот со Мет Дејмон, а Лопез во главната улога.
Наводно, одлуката за конечен развод била поттикната токму од несогласувањето околу парите. ТМЗ пишува дека преговорите за финансиско решение траат со месеци. Во мај на продажба ја ставиле и вилата во која живееле заедно. Ја купиле за 60 милиони долари, а ја продаваат за 68 милиони.