Деми Мур привлече внимание во црвен фустан на премиерата на филм во Лос Анџелес

Screenshot-2024-09-17-102537.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Деми Мур (61) привлече внимание на премиерата на филмот The Substance во Лос Анџелес.


Актерката на црвениот тепих се појави во впечатлив црвен фустан со интересен дезен. Таа на премиерата дојде со ќерките Рамер, Скаут и Талула, кои се насмевнаа и им позираа на фотографите.

Фановите често го фалат изгледот на актерката. Деми се појави на насловната страница на септемвриското издание на магазинот Interview, а многумина истакнаа дека актерката изгледа одлично на фотографиите.

Во интервјуто, Деми го коментираше вниманието кое го привлече нејзиното тело во бикини кога имаше 40 години и глумеше во „Чарлиевите ангели“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK