Дедо Мраз на Клиника Жан Митрев

bebe
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Дедо Мраз“ кој се роди во Клиника Жан Митрев се вика Новица и е роден 3850 грама тешко и 52 сантиметар долго. Новороденчето кое со својот изглед на Дедо Мраз ја стопли празничната атмосфера и ги израдува вработените во Центарот за мајка и бебе на Клиника Жан Митрев веќе е дома со семејството во топол празничен амбиент.

Откако почна да работи Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев, достапен е целосно нов концепт на родилиште и грижа за мајката и бебето со мултидисциплинарен пристап со сите потребни капацитети, апаратура и персонал да одговори пред, за време и во постпородилна фаза, како и за сите потреби поврзани со мајката и бебето. Центарот за мајка и бебе се располага со над 800 метри квадратни со две родилни сали, соби за будење, операциона сала, шест инкубатори и четири соби апартмани, неонатолошка, гинеколошка ординација и ординација за прегледи и е направен според највисоки стандарди за родилиште во Македонија.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK