Сопственикот на компанијата „Мета“, Марк Цукерберг оцени дека сопственикот на соперничката компанија „Х“ – Илон Маск, „не е сериозен во врска со нивниот меч во кафез“ и рече дека време е да се продолжи натаму со животот.
– Може да се согласиме дека Илон е несериозен и време е да се оттргнеме од оваа приказна. Понудив конкретна средба. Шефот на боречкото Првенство „Ултимејт фајт“ (УФЦ), Ден Вајт понуди и правни начини да го направи мечот за добротворни цели. Илон нема намера да прифати средба…
Рече дека му треба операција, а сега бара да тренира во мојот двор наместо „да се тепаме“, рече Цукерберг. Маск во јуни објави дека е „подготвен да се бори в кафез“ со Цукерберг, а вториов одговори со порака „кажи место“.
– Ако Илон сериозно и официјално се зафати со датумот за „тепачката“, знае како да ме најде, додаде раководителот на „Мета“, т.е. социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Тредс“. Во спротивно, Цукерберг ќе се сосредоточи на борбата со луѓето кои тоа го сфаќаат сериозно.