Не треба да го чекате моментот кога ќе легнете за да дознаете дали на вашиот маж му е жешко во кревет. Доволно е да дознаете кога е роден и ѕвездите ќе ви кажат како ќе го поминувате времето во неговите прегратки.
Во овој случај, титулата „најдобар љубовник“ ја носат дури четири знаци, бидејќи сите го заслужуваат тоа. Сепак, еден посебно се издвојува.
Овен
Овенот има тенденција да ја користи својата сексуална енергија премногу ненадејно и нема долго да размислува за впечатокот што го остава врз вас. Тој важи за еден од најдобрите љубовници меѓу хороскопските знаци. Покрај одличното познавање на анатомијата, тој лесно може да ги забележи и ерогените зони на партнерот. Подготвен е на се, ништо не му е туѓо. Секогаш е отворен да биде одлучувачки во клучните моменти. Сите пози му се омилени.
Водолија
Вооилија поседува голема интелектуална ароганција и тоа одбива многумина од неговата инаку многу привлечна надворешност. Тој е ексцентричен и кога е љубовта во прашање. Водолиите имаат различни и многу специфични вкусови при изборот на партнер. Понекогаш и самите не се сигурни што ги привлекувало кај некоја девојка. Тој е совршен љубовник и многу ужива во сексуалните игри. Дури и кога е сам, не се откажува од сексуалните односи.
Риба
Рибите се многу одговорни. Не им се непознати измамите, но никогаш нема да го запостават своето семејство. Тие припаѓаат на многу нежни и посакувани љубовници. Велат дека жената која не била во врска со маж Риби не знае што е вистински секс, иако најмногу уживаат во сексот кога искрено сакаат некого. Тие можат да бидат многу каприциозни и неостварливи кога најмалку очекувате.
Шкорпија
Сепак, победник е Шкорпијата. Шкорпијата ја симболизира сексуалноста, еротиката и сите манифестации на телесна љубов. Дури и античката астрологија му го даде почесното место како најдобар љубовник. Постојат ретки мажи Шкорпија кои и ги дале сите свои емоции на една жена. Во неговиот живот секогаш има барем двајца во исто време. Мора да се помирите со тоа доколку сте се заљубиле во него, што не е тешко со оглед на неговиот продорен поглед и сексипилноста со која едноставно зрачи. Кога ќе најде партнер кој му одговара во се, тој е многу верен и лојален.