Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во хит серијата Gossip Girl, го дочека своето прво дете со сопругата, исто така актерка, Ејми Џексон (32). Тие ја потврдија веста со фотографија на Инстаграм на која позираат со бебето.
Во описот на објавата го открија полот и името на бебето. „Добре дојде во светот, момченце. Оскар Александар Вествик“, напишаа тие.
View this post on Instagram
Двојката се венча во август минатата година во Италија. По венчавката за магазинот People изјавија дека со нетрпение го очекуваат брачниот живот.
View this post on Instagram
„Да се омажам за Ед за мене значи да имам животен партнер со кој можам да споделувам авантури, љубов и поддршка, да создадам прекрасно семејство и да имам грб во сите моменти од животот“, рече Ејми.