Бутел овој викенд ќе биде епицентарот на добрата забава со најдоброто од македонската сцена

Бутел-овој-викенд-ќе-биде-епицентарот-на-добрата-забава-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Бутел на локалните жители и гостите од другите краишта ќе им понуди одличен музичко-забавен настан – „Наш Бутел“. Настанот е замислен како дводневен фестивал на 27 и 28 октомври и на истиот ќе настапат најактуелните македонски музички изведувачи.


Како што информираат од општината, на 27 октомври жителите ќе може да се забавуваат во одличното стенд ап шоу на Бојан Велевски, во музиката на Андријана Јаневска, Ламбе Алабаковски и Влатко Лозановски – Лозано.

На 28 октомври за забавата ќе настапат Таско, Пајак и ДНК.

Настаните ќе се одржуваат на големиот паркинг кај паркот „Олимписки сон“, веднаш до основното училиште „Св.Климент Охридски“ во населбата Бутел 2, а ќе започнуваат во 20:00 часот и ќе траат до 1 часот по полноќ.

„Нашата општина веќе две години работи на планот за урбанизација на Бутел, културата е дел од овој план и преку овој фестивал сакаме на жителите да им овозможиме модерен и културен настан на бутелчани“, изјави градоначалникот на Општина Бутел – Дарко Костовски

Влезот на овој дводневен фестивал е бесплатен, а со овој настан Општина Бутел сака да им овозможи урбана и културна забава на своите жители со најдоброто од македонската музика.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK