Ви се јаде нешто благо или ви доаѓаат неочекувани гости? Овој колач ги исполнува сите услови: лесен е за правење, брз за подготовка и превкусен.
Ви дошле неочекувани гости, а немате ништо благо за послужување со кафето? Не грижете се – брзо можете да подготвите десерт што е сочен, мек и полн со вкус на чоколадо.
Подготовката е толку лесна што можете да го правите и заедно со децата, а сепак крајниот резултат изгледа како да е купен од слаткарница.
Нема потреба да стоите покрај шпоретот и да подготвувате филови; за само 10 минути ќе имате вкусен чоколаден колач.
Состојки:
250 г брашно
300 г шеќер
80 г какао во прав
2 лажички прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
прстофат сол
2 јајца
240 мл млеко
120 мл масло
2 лажички екстракт од ванила
240 мл зовриена вода
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200°C и подгответе ги калапите за мафини или помалите калапи за колачи така што ќе ги обложите со хартиени корпички.
Во голем сад измешајте ги сите суви состојки: брашното, шеќерот, какаото, прашокот за печиво, содата бикарбона и солта. Во посебен, помал сад, лесно изматете ги јајцата, а потоа додадете ги млекото, маслото и екстрактот од ванила.
Истурете ги течните состојки во сувите и кратко измешајте – колку да се соединат. На крајот, внимателно додадете ја жешката вода и нежно мешајте додека не добиете хомогена, но прилично ретка смеса.
Истурете ја смесата во калапите за печење и печете точно 10 минути на 200 степени.
Колачите се готови кога чепкалка за заби забодена во средината ќе излезе чиста.