Бредли Купер откри каде ги поминува празниците и со тоа ги изненади сите

Бредли-Купер-откри-каде-ги-поминува-празниците-и-со-тоа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бредли Купер во својот нов филм „Маестро“ го глумеше познатиот американски композитор, пијанист и диригент Леонард Бернштајн и откри како со години се подготвувал за улогата.


Актерот откри дека за сцената во која Бернштајн диригира со Лондонскиот симфониски оркестар вежбал неверојатни шест години, а за подобро да навлезе во својот лик, го запознал и семејството на композиторот.

За време на гостувањето во шоуто на Стивен Колберт, Купер откри дека се зближил со децата на Бернштајн што решиле заедно да го поминат Денот на благодарноста во Фарфилд, во семејната куќа на Бернштајн.

Инаку, одредени сцени се снимале во семејната куќа на композиторот, а децата на Бернштајн му ја позајмиле на актерот облеката на својот татко за се да биде што поверодостојно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK