Бред Пит не ја крие среќата поради моменталната врска со 26 години помладата Инес де Рамон, а тоа го потврди и извор близок на актерот за магазинот „Пипл“
Познатиот холивудски заводник (60) и убавата Инес (34) го започнаа заедничкиот живот по 15 месеци врска, а извор близок на актерот потврдува дека Пит е во среќна врска за магазинот „Пипл“.
„Поминаа толку многу време заедно што имаше смисла Бред да започне заеднички живот“, рече тој, додавајќи дека Пит конечно е среќен и обожава да го поминува времето со Рамон.
View this post on Instagram
„Повторно се најде со Инес. Тие се навистина прекрасен пар, а Бред е многу добар човек. Тој заслужува да биде среќен”, заклучил изворот.
View this post on Instagram
Да потсетиме дека Бред Пит беше во брак со актерката Џенифер Анистон од 2000 до 2005 година, а втор пат со актерката Анџелина Џоли, од која се разведе во 2019 година.
View this post on Instagram
Убавата бринета завршила студии по бизнис администрација во Женева, има диплома за нутриционизам, а најмногу се занимава со дизајнирање накит што го носат бројни познати личности како Хејли Бибер, Кортни Кардашијан и Менди Мур.
Од 2019 до 2022 година, Инес беше во брак со актерот Пол Весли, со кого започна врска во 2018 година.