Бојана, Огнен, Наум, ДНК, Ареа, Слаѓа Алегро на Каменичко културно лето 2024

Kamenicko-kulturno-leto.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Деновите во периодот од 26 до 28 август се денови резервирани за овогодинешното издание на Каменичко културно лето 2024. Настанот традиционално се одржува на Градскиот плоштад, а домаќините КИЦ Романса и Општината Македонска Каменица и овој пат најавуваат разновидна музичка програма и музички имиња кои ќе ги задоволат и најпребирливите музички сладокусци.


Во рамки на првата фестивалска вечер на 26 август (понеделник), а во чест на најголемиот каменички празник Успение на Пресвета Богородица – Ден на рударите, Каменичко културно лето 2024 година ќе започне со програма која ќе ја одбележат настапите на повеќе културно-уметнички друштва од земјава и странство, и тоа КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица и културно-уметнички друштва од Србија и Бугарија.

Веќе следниот ден на 27 август (вторник) публиката ќе ги види и чуе неверојатниот Наум Петрески, миленикот на младата генерација Огнен Здравковски и дамата која никого не остава рамнодушен и чија изведба на една од најубавите македонски песни „Заветна“ освои многу срца – Бојана Скендеровски.

Дел од втората вечер закажана на големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица на 28 август (среда), пак, ќе бидат рок легендите Ареа, рнб двоецот ДНК и гостинката од Србија – Слаѓа Алегро.

„Дојдете заеднички да го отвориме овогодинешното културно лето и заеднички да уживаме во прекрасните настапи на музички гости кои ветуваат одлична атмосфера и многу хитови“, се вели во поканата на домаќините.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK