Актерката Зои Салдана се смета за една од најубавите актерки чии елегантни комбинации често воодушевуваат на црвениот тепих, но таа знае и да изненади со провокативна објава.
Славните дами ги слават празниците поинаку, барем така ни покажуваат на социјалните мрежи, а Зои ни покажа како изгледа кога таа прославува.
Актерката позираше во танга, свртена со грб, а во описот на нејзината фотографија остави кратко „време на подарување“.
View this post on Instagram
Зои очигледно не обрна многу внимание на тоа како нејзината објава ќе биде примена од верниците, како и дали тоа ќе биде добра основа за негативни коментари, сепак, овој пат фановите „се смилуваа“.
„Бог да ги благослови тангата и Америка“, беше еден од коментарите што се издвоија.
Нејзините провокативни изданија нè воодушевија и за време на Оскарите 2025, па можеме само да претпоставиме што ни подготвува следната година кога ја заврши оваа година на овој начин…
View this post on Instagram
Познатата добитничка на Оскар го постигна она што го сакаше – да биде во центарот на вниманието за време на празниците и да ги воодушеви сите оние што ја следат.