„Блу ројал“ може да стане најскапиот продаден скапоцен камен во светот

„Блу-ројал-може-да-стане-најскапиот-продаден-скапоцен-камен-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Совршен син дијамант, наречен „Блу ројал“, може да стане најскапиот продаден скапоцен камен во светот кога ќе биде понуден на аукцијата на „Кристи“ во Женева во вторник. „Блу ројал“ е најскапиот предмет од колекцијата што ќе се најде на аукцијата на Женевското Езеро овој месец.


Колекцијата вклучува и многубројни предмети од светот на филмската историја, п, така, во понудата ќе ги има и бисерниот ѓердан што го носеше актерката Одри Хепберн во филмот „Празник во Рим“ и часовникот на Марлон Брандо од филмот „Апокалипса денес“.

Синиот дијамант од 17,61 карати е најголемиот интензивно син скапоцен камен понуден на аукција, а бил поставен во прстен и бил дел од приватна колекција 50 години. На аукцијата на Christie’s Magnificent Jewels се очекува „Блу ројал“ да достигне цена од 32 до 46 милиони евра.

Живописните сини дијаманти со повеќе од 10 карати се исклучително ретки. Од своето основање во 1766 година „Кристи“ продаде само три такви дијаманти, сите во последните 13 години.

„Булгари блу“ беше продаден за 14,7 милиони евра во 2010 година, „Винстон блу“ за 22,2 милиона евра во 2014 година и „Опенхајмер блу“ за 53,6 милиони долари во 2016 година. Часовникот „ролекс ГМТ-мастер“ од 1972 година на задниот дел има изгравирано „М Брандо“, со „Оскар“ крунисаниот актер.

Брандо тој часовник ѝ го подари на својата ќерка Петра во 1995 година, која потоа му го подари на сопругот во 2003 година, а потоа тој подарок беше продаден на аукција во 2019 година за 1,8 милион евра и се очекува да достигне цена во Женева од повеќе од два милиона евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK