Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи


bjanka-i-kanje-epa-12794471.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе со години го привлекува вниманието на јавноста. Сопругата на раперот Канје Вест ги сподели своите ставови во есеј објавен минатата недела на „Сабстак“, во кој се осврна и на начинот на кој медиумите ја претставуваат.


Ценсори во текстот објасни дека не гледа ништо необично во тоа што во јавноста се појавува оскудно облечена, иако признава дека таквите појавувања често предизвикуваат чудење.

„Голотијата на црвениот тепих е ненормална. Но, исто така, ненормално е и сè друго освен голотија во када. Само да се знае, ги сакам и двете“, напиша таа.

Според неа, интересот на медиумите за нејзиниот приватен живот достигнал многу повисоко ниво од вообичаените интервјуа и фотографирања. Таа вели дека големи списанија и телевизиски куќи ѝ се обраќале со понуди за насловни страници, интервјуа, но и за документарен проект.

„Ме бараа за бројни насловни страници на големи списанија, но под услов ‘нешто во мојот живот да се променило’, а верувам дека можете да претпоставите на што мислат“, напиша таа.

Додаде дека некои телевизиски куќи сакале да го снимаат и нејзиниот однос со Вест.

„Бараа интервјуа, па дури и документарец за голема телевизиска мрежа. Сакаа пред камери да ја снимаат нашата брачна терапија.“

Ценсори рече дека настапите пред новинарите не ѝ се особено драги.

Сепак, поради промоцијата на својата нова емисија одлучила да ангажира ПР-експерт. Неговата задача е да ѝ помогне во комуникацијата со медиумите, но и во обликувањето на начинот на кој јавноста ја доживува.

Ценсори веќе неколку години е во центарот на вниманието поради модните комбинации кои често оставаат многу малку на фантазијата. Особено внимание привлече на доделувањето на Греми наградите во 2025 година, каде што пристигна во проѕирен фустан под црн крзнен капут. Поради речиси целосно проѕирниот материјал, од одредени агли изгледаше како да не носи ништо под него.

Нејзиниот стил често се поврзува и со соработката со нејзиниот сопруг Канје Вест. Ценсори уште во февруари за „Венити фер“ ги отфрли тврдењата дека тој ѝ одредува што ќе носи.

„Не би правела нешто што не сакам“, рече тогаш таа.

Својот однос кон модата го опиша како заеднички креативен процес.

„Мојот сопруг и јас заедно ги осмислуваме моите комбинации. Тоа е соработка, никој никогаш не ми наредувал што да носам“, заклучи Ценсори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK