Безос за гласините дека ќе се жени следниот викенд: Лага, ништо од ова не се случува

bezos.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основачот на Амазон, Џеф Безос ги демантираше гласините дека ќе се ожени со Лорен Санчез на раскошна церемонија по Божиќ. Во странските медиуми се прошири веста дека Безос наскоро се жени во Аспен и дека за венчавката ќе потроши околу 600 милиони долари (околу 576 милиони евра). Тој зборуваше за тоа.


На Икс, тој одговори на твитот во кој сподели напис за неговата наводна венчавка објавена од Њујорк Пост, кој цитираше извор на Дејли Мејл.

„Целата работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата поговорка „не верувај се што читаш“ сега е повистинита од кога и да е. Лагите можат да го обиколат целиот свет пред да се дознае вистината. Затоа, бидете внимателни и не бидете лековерни“, напиша тој.

„Ќе биде интересно да се види дали сите медиуми кои пишуваа за ова ќе се поправат кога венчавката нема да се одржи“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK