И покрај тоа што моментално се во процес на развод, Бен Афлек реши да ја изненади својата поранешна сопруга Џенифер Лопез со божиќен подарок кој за двајцата има посебно значење.
Според списанието „Пејџ сикс“, Афлек одлучил да ја изненади Џенифер Лопез со потпишана книга од легендарниот актер Марлон Брандо, која ја купил во книжарницата „Mystery Pier Books“ во Западен Холивуд.
Според извори блиски до парот, Бен купил неколку книги по тој повод, а потоа се упатил на семеен божиќен ручек во ексклузивниот клуб Сохо Хаус.
Овој подарок не беше случаен избор, бидејќи Џенифер Лопез е голем обожавател на Марлон Брандо, а нејзиниот костим за настапот на Супер Боул беше инспириран од тој голем актер. Со овој подарок, Афлек уште еднаш покажа дека ги знае нејзините интереси и желби, нагласувајќи ја длабоката поврзаност што ја споделувале во текот на нивните години брак.
Инаку, Бен Афлек празничната сезона ќе ја помине со својата најстара ќерка Виолет, која се врати дома од Универзитетот Јеил за божиќните празници. Заедно со неа се и неговите деца – Серафина и Самуел.
Сепак, Џенифер Лопез планира да ги прослави празниците со својата сестра Линда и мајката Гвадалупе во Лос Анџелес.