Бејби Лазања се расплака на концерт, ги извести фановите дека угинала неговата позната мачка

б.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бејби Лазања моментално е во Полска, каде одржа концерти во Варшава и Вроцлав, а еден концерт беше исклучително емотивен.


Некој од публиката му фрли плишено маче, толпата скандираше „Марко, Марко“, а тој ја откри тажната вест дека неговата позната мачка Стипе угинала.

„Ова ме расплака, Стипе умре. Не, сериозно, Стипе, нашата сакана мачка неодамна умре. Кога го видов ова, само ме расплака“, рече Марко Пуришиќ, попознат како Бејби Лазања, држејќи ја плишаната играчка, пренесе „Индекс“.

@ann_aaaa_12 credits of the video:Facebook Group World of Baby Lasagna May Stipe rest in peace😔🖤 #babylasagna #stipe ♬ original sound – Anna Baby Lasagna’s version 𓃠

Од самото раѓање, едноокиот мачор Стипе е најпопуларна мачка во Хрватска. Мачката стана и главен лик во сликовницата со која се раскажува авантурата на Марко, од создавањето на песната Рим Тим Таги Дим до одењето на Евровизија

Стипе беше инспирација за Бејби Лазања во пишувањето на хит песната. Секоја мачка, како и Стипе, во сликовницата се моделирани според реални карактеристики, а преку нив најмладите учат за поддршка, упорност и заедништво.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK