Ашер ќе го води шоуто на полувремето на „Супербол 2024“

Ашер-ќе-го-води-шоуто-на-полувремето-на-„Супербол-2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Добитникот на „Греми, Ашер, ќе го предводи настапот на полувремето на „Супербол“ во Лас Вегас, Невада, соопштија Националната фудбалска лига (NFL), „Епл мјузик“ и издавачката куќа „Рок нејшн“ во неделата.


Финалето во американското рагби, 58. по ред, треба да се одржи на стадионот „Алиџант“ во Лас Вегас на 11 февруари 2024 година. Полувремето, исто како и натпреварот, е еден од најгледаните ТВ-настани во Америка.

„Ова е најголемата чест која животот може да ви ја пружи, конечно да настапам на Супербоул. Едвај чекам да му донесам на светот шоу кое не наликува на ништо друго што досега виделе од мене,“ рече аренби пејачот.

Од издавањето на својот деби албум во 1994 година, Ашер Рејмонд Четврти продаде над 80 милиони плочи низ светот, се искачи на врвот на музичките топ-листи и освои осум „Греми“ награди, кои според многумина се најпрестижните награди во музичката индустрија.

Магазинот „Билборд“ го круниса како втор најуспешен уметник во 2000-тите.

U Got It Bad, OMG, и Yeah! се меѓу најголемите хитови на 44-годишниот пејач. Ашер моментално настапува во Лас Вегас како дел од неговото резиденцијална турнеја Usher: My Way.

„Ашер е икона чија музика остави неизбришлива трага на културниот пејзаж во текот на својата кариера“, вели шефот на музикана НФЛ, Сет Дудовски во соопштението за јавност, објавувајќи ја одлуката.

Минатогодишното шоу на полувремето, кое го предводеше аренби ѕвездата Ријана, беше најгледаниот настап на полувремето на сите времиња, соопштија организаторите.

Култни уметници и бендови, вклучувајќи ги „Ролинг стоунс“, Бијонсе, Стиви Вондер, Принс и Брус Спрингстин, се качија на сцената на полувремето на најпопуларниот спортски настан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK