Анџелина Џоли и нејзината ќерка Захара блеснаа на црвениот тепих на Златните глобуси

Screenshot-2025-01-06-134638.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Анџелина Џоли блесна на црвениот тепих на Златните глобуси во неделата вечерта во друштво на нејзината 19-годишна ќерка Захара Џоли-Пит. И двете беа облечени во креации на Александар Меквин.


Актерката блесна на црвениот тепих во металик фустан од сребрена и црна мрежа, со полупроѕирен дизајн. На прашањето на новинарот на Variety дали нејзината облека е удобна, таа едноставно одговори: „Повеќе отколку што мислите“. Захара воодушеви со крената коса во елегантно дотерување и избра вечерна тоалета од Меквин од 9900 долари за да го прослави големиот момент на нејзината мајка, пишува Page Six.

Ова не е прв пат Захара да ја придружува нејзината мајка на црвениот тепих оваа сезона на награди, дуото заедно присуствуваше на наградите на Меѓународниот филмски фестивал Палм Спрингс претходно оваа недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK