Актерката Емили Осмент се разведува само пет месеци по свадбата


akterka-i-pejach.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американската актерка Емили Осмент (32), позната по улогите во популарните серии „Хана Монтана“ и „Деца на шпиони“, поднесе барање за развод од кантавторот Џек Ентони Фарина само пет месеци по нивната венчавка.


Актерката поднесе барање за развод во Врховниот суд во Лос Анџелес во петокот, наведувајќи ги како причина непомирливите разлики.

Според судските документи, двојката која се венчала на 12 октомври, не живее заедно од 7 декември. Тие немаат деца и ова е прв брак за Емили, која, инаку, е помлада сестра на актерот Хејли Џоел Осмент.

Популарноста ја стекна со улогата на Лили Трускот, најдобрата пријателка на Мајли Сајрус, која ја игра главната улога во серијата „Хана Монтана“.

Осмент претходно изјави дека „Хана Монтана“, која се емитуваше од 2006 до 2011 година, и го променила животот. Сепак, како што истакна, никогаш не гледала ниту една епизода од тој тинејџерски ситком.

„Не можам ни да ви кажам дали воопшто сум го гледала, дали е тоа страшно? Се сеќавам дека ја гледав премиерата затоа што ни направија забава на сцената. И се сеќавам дека беше толку интересно време, бидејќи немавме поим што ќе биде“, рече актерката во интервјуто.

„Мислам дека со секоја голема одлука во вашиот живот, без разлика дали е врска или работа или што и да е, мора цврсто да застанете зад неа. На крајот на краиштата, тоа не успеа“, изјави Осмент за списанието „Пипл“.

Веднаш по барањето за развод, актерката ги отстрани фотографиите од неа и Ентони од својот Инстаграм профил.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK