Пејачката ѕвезда Адел се повлекува од музиката по завршувањето на музичкото шоу Weekends with Adele во Лас Вегас во ноември оваа година. „Воопшто немам планови за нова музика“, изјави Адел во интервју за германски ZDF.
„Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно?” изјави пејачката.
Инаку, Адел го започна своето шоу Weekends with Adele во Вегас, поточно во Цезар Палас, во ноември 2022 година, а нејзиниот последен настап е закажан за 23 ноември 2024 година.
View this post on Instagram
Адел искрено зборуваше за своето искуство со славата, признавајќи дека и недостига анонимниот живот пред да стане славна.
„Не сакам да бидам славна. Сакам да правам музика и ми се допаѓа тоа што луѓето ја прифаќаат, но не ја сакам славата. Ми недостига животот пред славата“, рекла таа.
Да потсетиме, Адел во февруари мораше да одложи десет концерти во Лас Вегас поради здравствени проблеми.
„За жал, морам да се смирам и да се одморам од моите концерти во Вегас“, ја започна таа објавата на Инстаграм.
Докторот и рекол дека треба да ги одложи концертите, што и го направила.