Кетрин Хајгл, најпозната по улогата на Изи Стивенс во серијата „Grey’s Anatomy“, и нејзиниот сопруг, музичарот Џош Кели, го продаваат својот луксузен дом во планините на Јута. Имотот каде што семејството поминало многу години е на пазарот преку агенцијата Engel & Völkers за цена од 10,6 милиони долари, или околу 9,3 милиони евра.
Двојката ја изградила куќата во 2008 година, а имотот се смета за еден од најатрактивните во овој дел од Јута, првенствено поради неговата приватност и отворениот поглед на околните планини.
„Погледот е целосно отворен и не може да се блокира од идните градби. Ваква локација е практично невозможно да се најде денес“, рече Пол Бенсон од агенцијата Engel & Völkers.
Неодамна реновираната куќа се протега на повеќе од 743 квадратни метри и комбинира рустикален планински стил со современ декор. Има шест спални соби и седум бањи, а централниот дел од домот е пространа дневна соба со високи тавани и импресивен челичен камин висок речиси девет метри.
Кујната е опремена со елементи по нарачка и материјали од врвен квалитет, а куќата има и приватно кино, мултимедијална соба и спа-зона со сауна и парна бања.
Главната спална соба е дизајнирана како посебна оаза за релаксација. До неа се дневна соба, пространа гардероба и луксузна бања, во која се издвојува ѕид со ефект на вода.
Куќата има и втор луксузен апартман за гости, а во близина на спалните соби има покриена тераса со панорамски поглед од 270 степени на имотот и околните планини.
Имотот има неколку тераси и загреан базен со поглед на планинскиот пејзаж. Од особен интерес е посебната зграда со греење и бања што Кетрин Хајгл некогаш ја користела како студио за сликање, додека Џош Кели сега ја користи како работилница за кожа.
„Идниот сопственик може да го уреди просторот според сопствените желби, како уметничко студио, работилница, канцеларија, студио за гости или теретана“, рече Бенсон.
Еден од највпечатливите детали на целиот имот е мала дрвена кабина, реставрирана од даб стар околу 200 години. Таа е целосно изолирана и опемена. Повеќе фотографии и огласот е објавен ТУКА.
фото/Depositphotos