Совети за посвеж дом во лето

klima
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одредени подробности при уредувањето на домот може да станат „проблем“ во лето, покрај високите температури и да придонесат за дополнително загревање на внатрешноста на куќата. Тука спаѓаат изборот на бои, употреба на одредени апарати и несоодветна изолација.

При високите дневни температури и силна сончева енергија, лекарите ги советуваат луѓето да го ограничат своето време надвор. Сепак, неретко во домот е потопло отколку надвор. Следат неколку совети за тоа.


Погрешни и вистински бои

Говорејќи за надворешноста на куќата, Гудел Дејвид, стручњак за домови и основач на компанијата за бојадиување „Пејнтс акрилик“ (Paints Acrylic) советува да се избегнуваат каква било потемна боја за надворешните ѕидови од куќата.

– (Темните бои) апсорбираат повеќе топлина отколку светлите бои, така што ако ја обоите надворешноста на Вашата куќа во темна боја, многу веројатно е оти ќе се чувствувате потопло внатре. Наместо тоа, се препорачува посветла или рефлектирачка боја за надворешноста на Вашиот дом – како бела, беж или сива, објаснува тој.

Апарати кои произведуваат топлина

Многу од секојдневните активности во домаќинството создаваат повеќе топлина. Тука спаѓаат готвење, сушење алишта, па дури и вклучување на машината за миење садови. Се разбира, не треба да се престане со тие работи, но познавачите едноставно предлагаат да не се користат тие уреди во најжешките делови од денот. Оваа промена може да направи забележителна разлика во вкупната температура дома.

Премногу сончева светлина

Многумина претпочитаат повеќе природна светлина во секојдневниот простор, особено во долгите летни денови, но и тука не треба да се претера.

И прекумерната сончева светлина создава потопла средина во домот. Препораките, секако, говорат за завеси и ролетни за заштита од Сонцето. Како и топлината, така и сончевата светлина треба да се зачува ограничена.

Несоодветна изолација

Уште една честа грешка што придонесува за дополнителна топлина во просторот за домување, е лошата изолација. Том Алан, стручњак за греење, водовод и апарати смета дека сопствениците на куќи треба да додадат изолационен материјал на ѕидовите, покривот и прозорците.

– Но, тоа мора да се направи стручно. Најдобро е да се консултирате со професионалец, за да ги одредите најдобрите можности за изолација за Вашиот дом, забележува тој.

Прениска температурата во разладувањето на домот

Логично е да се претпостави дека поставувањето на температурата на термометарот на клима-уредот на што пониско ниво – ќе доведе до побрзо ладење на домот… Тоа е огромна заблуда, според стручњаците. Тоа само прави клима-уредот да работи со поголема сила и подолго, зголемувајќи ги температурите и трошоците за енергија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK