Дали сте подготвени за најголемата здравица досега организирана во земјава?

Скопско1
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секој од нас има барем една незаборавна здравица и радост во животот поврзана токму со Скопско, на која со задоволство се сеќава.

Затоа Скопско, омиленото пиво на овие простори, во година кога слави јубилеј 100 години, сака повторно да не изненади и израдува со организација на најголемата здравица и забава досега направена во земјава. За да се потсетиме на убавите моменти, со желби за уште повеќе среќа и радост, и да ја прославиме големата „стотка“ на Скопско.



Забава која ќе биде придружена од некои од најголемите музички имиња во земјата и која ја слави домашната култура, и традиција. Скопско ги повикува сите љубители на пивото, на добрата забава, и сите оние кои скаат да се дружат и забавуваат во еден разигран ритам да дојдат во Градскиот парк на 21 септември и сите заедно да ги подигнеме чашите за најголемата здравица досега!

Најголемата журка досега ќе се одржи во Градскиот Парк со многу домашни артисти Влатко Стефановски Трио, Каролина, Кирил Џајковски, Нокаут, Ареа, Фолтин, Страјк и Диџеј Гоце, и Битолски камерен оркестар со единствена прилика ова да стане уште еден момент што ќе биде запаметен и прераскажуван уште многу години. Да наздравиме и да си посакаме многу здравје, среќа и уште 100 години Скопско да биде дел од нашите приказни.

Забавата ќе биде лоцирана на самиот почеток на Градскиот парк, со сцена поставена на делот покрај езерцето наречен „Вембли“, каде што присутните ќе можат да видат и слушнат бројни музички перформанси, а просторот за забава ќе се протега се’ до просторот пред фонтаната во паркот, за да има место да не’ собере сите.

Запомнете го датумот и на еден ден заборавете на обврските, а размислувајте на убави работи и на најголемата роденденска забава досега. На 21 септември, се гледаме во Градскиот парк на големата прослава по повод 100 години Скопско. На здравје!

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK