Претставени обновените „Пежо 208“ и „Е-208“

peugeot
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Kако најпродаван автомобил во Европа во 2022 година, „Пежо 208“ го симна од престолот легендарниот „Фолксваген Голф“, а воедно е и најпопуларниот модел на францускиот пазар. Со цел да го одржи тој продажен моментум, „Пежо“ го освежи субкомпактниот модел, како и електромобилот „Е-208“ за следната 2024 година.

Новото лице првично беше претставено со тркачкиот автомобил со издржливост 9×8 пред редизајнираниот седан и караван „508“ да станат првите патни автомобили коишто ја прифатија новата предна табла. Од автомобилската компанија подготвиja нови бандажи од 40 и 43 цм со двобојни мотиви и ново лого.


Сите нови пакети опрема вклучуваат 25-сантиметарски екран на допир, додека дигиталната инструмент-табла со иста големина има нов дизајн, но и 3-Д ефекто во случајот со моделот „ГТ“.

Другите промени вклучуваат ново амбиентално осветлување на моделот „208 ГТ“, додека возилата опремени со 6-брзински рачен менувач добиваат редизајнирана рачка на менувачот. Промените во внатрешноста се заокружени со дополнителни УСБ-влезови, а „208 Алур“ и „ГТ“ добија три УСБ-Ц влеза – две напред и еден во задниот дел, како и УСБ-А приклучок одзади. Тука е и помоќниот безжичен полнач (5 – 15 вати). Камерите со поголема резолуција, пак, го прават паркирањето полесно.

Што се однесува до моторот, основниот модел го придвижува 1,2-литарски трицилиндричен мотор што развива 75 коњски сили со петстепен рачен менувач. Помоќната верзија на моторот со 100 КС и 138 КС е поврзана со 6-брзински менувач.

Моделот „Е-208“ се напојува со електричен мотор кој развива 156 КС и се напојува од батерија со капацитет од 51 киловат-час. Во случај на полнење од 7,6 кВ, процесот трае 4 часа и 40 минути. Полнење од 3,2 кВ трае 11 часа и 10 минути.

Продажбата на новиот „Пежо 208“ ќе почне во ноември. Од пуштањето на оваа генерација во продажба на крајот на 2019 година, продадени се речиси милион автомобили.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK