„КИА“ претстави ново издание на својот најмал модел „Пиканто“

kia
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јужнокорејскиот производител на автомобили „КИА“ го претстави новото издание на својот најмал модел, којшто според многумина, е најсооодветен за градско возење. Се работи за четвртата генерација на возилото „Пиканто“.

Новиот автомобил, патем, нуди пакети „ГТ-Лајн“, со малку видоизменета каросерија инспирирана од моделот „Ниро“, како и нов дизајн на предните и задните ЛЕД-светла. Moжеби најдобриот пакет, сепак, доаѓа со алуминиумски бандажи од 40 сантиметри.


Во новата кабина централното место го зазема 20-сантиметарската контролна табла, а впечатлива е и дигиталната инструмент-табла, како и подвижниот покрив.

Новото „Пиканто“ има еднолитарски трицилиндричен или 1,2-литарски четирицилиндричен атмосферски бензински мотори, чии спецификации сѐ уште не се објавени, а за преносот на силата е предвиден рачен 5-брзински менувач.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK