„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

filharmonija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Животот е убав“ е насловен традиционалниот концерт на Филхармонијата кој вечер од 21 часот ќе се одржи во Градскиот парк. На програмата е музика од познати италијански филмови, а изведбата ќе биде надополнета со видеопроекции.

-Концертот претставува спој на италијанската музика и филм, а на програмата се „Омаж на Федерико Фелини“, суита од филмот „Кум“, „Љубовна тема“ од филмот „Ромео и Јулија“ и музика од „Јулија и духовите“ од Нино Рота, музика од филмот „Анонимен венецијанец“ на Стелвио Чипријани, „Кучешки свет” од Р. Ортолани/Н. Оливиеро, тема од филмот „Животот е убав“ од Никола Пиовани, „Карузо“ од Лучио Дала, „Јулија и духовите“ од Армандо Тровајоли, „Звучен пејзаж“ од филмските теми на Енио Мориконе и суита од музиката за филмот „Мисија“, соопшти Филхармонија.


Диригент е Мириан Хухунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранистката Саломе Џикија од Грузија, Марио Стефано Пјетродарки на бандонеон од Италија и хорот „ПроАрс“.

Концертот се реализира со поддршка на Италијанскиот институт за култура во Белград и Италијанската амбасада во Скопје и со него воедно ќе се одбележат 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу РС Македонија и Италија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK