Завршува детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

monmartr
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со доделување на награди за најдобрите млади ликовни уметници, најдобро школо и најдобар учесник, претпладнево во Битола завршува 42 .издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

Изборот на најдобрите, од 120 учесници, претставници на 13 држави во светот, ќе го изврши меѓународно стручно жири предводено од Теондолинда Паскуал од Португалија која ќе ги соопшти наградите за ликовните творби создадени во старата битолска чаршија, охридската чаршија и Бигорски манастир.


Како што е познато, освен престој на неколку локации, учесниците на „Мал битолски Монмартр“ годинава за прв пат приредија и две изложби на слики кои беа поставени во генералните конзулати на Бугарија и Грција со седиште во Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK