Започнува 16-то издание на МТФ „Св. Јоаким Осоговски“, лаурет Никола Ристановски

51b22968-fc51-4957-8214-4ceb7e07f65d.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со претставата „Љубовна терапија“ на Народниот театар при НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово вечерва започнува 16-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.



Театарскиот фестивал годинава ќе се реализира од 27 септември до 5 октомври, а покрај кумановскиот театар, настапуваат: Градско казалиште „Јоза Ивакиќ“, Винковци, Хрватска, Продукција „Златен заб“ со босанскиот актер Драган „Маца“ Маринковиќ, Народен театар „Стерија“, Вршац и Уметничка работилница „Призор Плус“, Белград, Србија , Општински театар Ќустендил, Бугарија, Драмски театар , Македонски народен театар и Народен театар при НУ Центар за култура „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес.

Овогодинешен лауреат на МТФ „Свети Јоаким Осоговски“ е македонскиот актер Никола Ристановски, кој се истакнува со бројни улоги и извонредни актерски остварувања во земјава и регионот. Признанието ќе му биде доделено на свеченост која ќе се одржи на 30 септември, со почеток во 13,00 часот, во НУ Центар за култура Крива Паланка.

На оваа свеченост ќе биде промовирана и монографијата „Со театар до Балкан без граници“ , по повод 15 години Интернационален театарски фестивал, од авторот Гоце Ристовски, публицист, театарски критичар, драмски автор, писател и новинар.

Организатори на оваа престижна манифестација се Општина Крива Паланка, Здружението за промоција на театарската уметност „Театарски фестивал“ од Крива Паланка и НУ Центар за култура Крива Паланка.

Како покровители се јавуваат Општина Крива Паланка, компанијата Феникс Фенетрс од Париз, Франција, сопственост на кривопаланечки иселеници и Квазар ДООЕЛ од Скопје.

Сите претстави се играат во салата на НУ Центар за култура Крива Паланка, со почеток во 19,30 часот.

Во изминатите 15 години,признанието лауреат на МТФ „Свети Јоаким Осоговски“ го добиле: Зафир Хаџиманов, Милица Стојанова, Шенка Колозова, Петар Темелковски, Страшко Милошевски, Мето Јовановски, Јордан Плевнеш, Јелена Жугиќ , Гоце Ристовски, Благоја Чоревски, Коле Ангеловски, Гоце Тодоровски, Ѓокица Лукаревски, Драган Спасов – Дац и Билјана Драгиќевиќ Пројковска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK