Втора вечер на филмскиот фестивал „Преку езерото“: видео омаж од филмови со Владо Јовановски и „Татко“

thumbnail_IMG_8222.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Посетителите на филмскиот фестивал „Преку езерото” вечерва имаа посебно задоволство одблиску да го запознаат и да слушнат за животната и уметничката приказна на нашиот прв лауреат на наградата Мето Јовановски за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот, мајсторот на актерската игра, бескрајно вљубениот во човечките емоции и чистата актерска природност, почитуваниот Владо Јовановски.



Втората вечер од филмскиот фестивал „Преку езерото” започна со разговор со нашиот лауреат кој го водише нашиот пријател режисерот Саша Станишиќ, разговор, кој беше посветен на животниот и творечки пат на Владо Јовановски во уметноста на филмот. Следуваше блескавото актерско достигнување на Владо Јовановски во кусометражниот филм „Татко“ во режија на Светозар Ристовски. И најпосле, сите поситетели на „Преку езерото” имаа можност под ѕвездите на небото директно да поставуваат прашања за ѕвездата на платното.

Претходно, во предпладневните часови, како дел од студенската програма во овогодинешното издание на „Преку езерото“ се оддржа првиот пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови. Високите температури не беа пречка талентираните млади да ги споделат своите идеи и планови со директорот на фестивалот Јани Бојаџи и Александа Русјаков – ментор за пишување сценарија.

Официјалното отворање ќе биде утревечер (9 август) со почеток од 20 часот во Амфитеатарот во Стар Дојран со доделување на наградата „Мето Јовановски“ на актерот Владо Јовановски, како и проекција на филмот „Руски конзул“, последниот филм на Мето Јовановски.

Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден документарен, фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија, нуди програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро.

Во продолжение програмата за следните фестивалски денови во Дојран:

Ден трети, ПЕТОК, 09 Август 2024 година
 
СТУДЕНСТСКА ПРОГРАМА
 
11.00 Часот
Пичинг на студенти на конкурсот за финансиска подршка на дипломски филмови.
МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Музеј на Град Дојран
 
Ден трети, ПЕТОК, 09 Август 2024 година
20.00 
Доделување на “НАГРАДАТА МЕТО ЈОВАНОВСКИ за Извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот“ на актерот Владо Јовановски
Свечено отворање на фестивалот
 
СПРОТИ БРАНОВИТЕ, натпреварувачка програма
 
ПАРАНОИК на Андреј Георгиев, Македонија, 2024, 9мин.
РУСКИ КОНЗУЛ, Мирослав Лекиќ, Србија
И ПОКРАЈ ТОА ШТО Е НОЌ на Гилермо Гарсија Лопез, ФРАНЦИЈА
 
МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Амфитеатар/Црква Свети Илија, Стар Дојран
ВРЕМЕ НА СЛУЧУВАЊЕ: 20.30 частот
 
Ден четврти, САБОТА, 10 Август 2024 година
 
СПРОТИ БРАНОВИТЕ натпреварувачка програма
20.00 Часот
ДАЛИ СИ МАЖ на Ѓорче Ставрески, Македонија, 2023
СРЕБРЕН БУНТ, Дан Шадур, Израел
ВОЛКОТ И МАЧКАТА на Жан-Себастијан Бернар, ФРАНЦИЈА
22.30 
ТИШИНА 6-9, Христос Пасалис, Грција
ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ, на Небојша Слијепчевиќ ХРВАТСКА, 2024,
БАЛАДА на Кристофер Нилсон, ФРАНЦИЈА, 2023, 13мин.
 
МЕСТО НА СЛУЧУВАЊЕ: Амфитеатар на Град Дојран 
 
Ден петти, НЕДЕЛА, 11 Август 2024 година
20.00 Часот
ЅВЕЗДЕНА на Александра Лазаровски, Србија, 2024
ХОТЕЛ ПУЛА, Андреј Коровљев, Хрватска
 
Свечено затворање на фестивалот
Доделување на фестивалските награди
Доделување на грантовите за дипломски студентски филмови
 
22.30
ПОДРУМ на Омер ферхат Озмен, ТУРЦИЈА, 2024, 
ЛОШО НА МОМЕНТ на Даниел Соарес, ПОРТУГАЛИЈА
ЗАРАЗЕНИ, Себастијан Ваничек, Франција
Крај на програмата

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK