На големата сцена во велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа премиерно беше изведена претставата „Лепа Ангелина, по текст на македонскиот автор Благој Ристески Платнар во режија и адаптација на Љупчо Ѓеоргиевски.
Платнар по втор пат се поставува на македонската театарска сцена, по неговата праизведба пред 28 години, а велешкиот театарски ансамбл и целата екипа по претставата за одличната изведба од бројната публика добија долг и силен аплауз.
Во улогата на Талија настапи Талија Настова, а во улогата на Болен Дојчинм Жарко Спасовски.
Композитор на музиката е на Сашко Костов, кој музиката за време на претставата во живо ја изведе заедно со Орхидеја Дукова.
Драматург е Катерина Момева, Сценограф е Валентин Светозареф , а костимограф Андреј Георгиевски,дизајн на плакат е Филип Коруновски.
Режисерот Љупчо Ѓеоргиевски за медиумите појасни дека овој текст е голема инспирација и провокација, а вторпат работи со текстови на Благоја Ристоски Платнар. Првпат пред многу години во Прилепскиот театар го поставил „Летни Силјане“ од Платнар.
-Благоја Ристески Платнар е инспиративен автор затоа што се занимава со теми коишто за нас се клучни теми и сите тие ги обработува на еден специфичен начин и со еден специфичен поетски јазик. Не е специфична за него само драмската поетика туку и поезијата со која пишува, појасни Ѓоргиевски.
Овој текст на Платнар првпат беше изведен во 1995 година во Македонскиот народен театар, а во режија на Владимир Милчин.