Во Ресен почнува фестивалот „Актерот на Европа 2023“

akterot-na-evropa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со доделување на наградата „Актер на Европа“, која годинава и припадна на унагарската актерка и театарски режисер Енико Есењи, вечер во „Сарајот“ во Ресен почнува 21. издание на истоимениот интернационален фестивал.

На свеченото отворање ќе се обратат градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, претседателот на жирито, Мето Јовановски, а беседа за лауреатот ќе одржи претседателот на фестивалот, Јордан Плевнеш.


Според програмата, до 11 јули во Ресен ќе настапат аматерската група „Самоилци“ кои ќе ја изведат претставата „Бунда“, Академијата Балканика Еуропеана ќе го изведе проектот „Среќата е нова идеја во Европа“, актери од Германија ќе се претстават со проектот „Разоткривање на минатото – комуникација во и за холокаустот“, актерот Слободан Маруновиќ од Црна Гора ќе ја изведе монодрамата „Последниот час на Његош“, а со театарски проекти ќе се претстават и уметници од Хрватска, Швајцарија и Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK