Вечерва изложба на Ферди Булут во КИЦ Битола

Вечерва-изложба-на-Ферди-Булут-во-КИЦ-Битола.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Академскиот сликар Ферди Булут, на 20 септември со почеток во 18 часот ќе има самостојна изложба насловена „Широк сокак во боја” во просториите на КИЦ (Офицерски дом) во Битола.



Станува збор за циклус на визуелни решенија, презентирани преку женското битие, односно преку визуелен приказ на жената со користење на постапката осветлување, наспроти колористичната симбиоза на композициите.

Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура во рамките на проектот „Култура во лето”.

Ферди Булут е македонски сликар од помладата генерација. Излагал во Македонија, Австрија, Франција, Бугарија, Италија и Турција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK