На 20 ноември 2024, со почеток од 18:30 часот, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи настанот „Вечер на македонски свити и фантазии“ на Љупчо Коскаров (труба) и Дарко Мариновски (пијано).
Македонските професионалци и педагози ќе претстават свити и фантазии, композиции на Љупчо Коскаров, создадени врз основата на македонскиот фолклор.
Настанот ќе се одржи во присуство на академикот и почесен амбасадор на мирот д-р Зоран Пејковски – новиот директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија.
Програма:
Љ. Коскаров
– Налеј, Налеј – Свита – Allegro, Tempo di valse (meno mosso), Presto
– Чифликот – Фантазија – Allegro, All.moderato, Allegro – Presto
– Македонска свита – Свита – Tempo rubato, Andnte, Finale
– Тиквешки марш – Свита – Tempo di Marcia, Moderato, Finale vivace
– Дафино – Фантазија – Ad libitum, Moderato, Finale allegro
– Деспина – Фантазија – Ad libitum, Moderato, Finale
– Виртуозни варијации – Фантазија – Allegro-Presto-Allegro
Марина Владимирова Јаневска – сопран к.г.