Утврдена програмата за Фестивалот на дувачки оркестри ,,Пехчево 2023″

festival-pehcevo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утврдена програмата за овогодишното издание на Фестивалот на дувачки оркестри „Пехчево 2023“. Фестивалот ќе се одржи од 13 до 15 јуни во очи на празникот Павловден и денот на градот Пехчево.

И годинава како што информираа од Општината, покрај дувачките оркестри кои се составен дел на Фестивалот предвиден е настап на музички имиња како од домашната, така и од балканската естрада.


– Предвидени се настапи на оркестрите на Уска Кан, Брас Брадерс, Бојан Ристиќ, Дејан Петровиќ како и настап на игроорни групи, поп изведувачот Јоце Панов и други локални музички изведувачи, информираа од Општина Пехчево.

Составен дел од Фестивалот со кој започнува тридневниот настан е и Етно-саемот на локални производи, Пехчевски Павловден“ кој годинава доби поддршка од

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за организација на локални манифестации, саеми и фестивали.

– Со организирањето на Етно-саемот „Пехчевски Павловден“ кој оваа година по втор пат финансиски е поддржан од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а се одржува веќе 14 години, ќе се придонесе кон поголема туристичка посетеност на градот Пехчево, афирмација како на општината така и на нашата држава, како дестинација идеална за развој на руралниот туризам, истакна градоначалникот Александар Китански.

Преку оваа манифестација како што додаде ќе бидат промовирани малите локални производители, кои секогаш се присутни на ваквите настани, за да добијат можност да ги промовираат своите производи, изработки и ракотворби.

Локалната манифестација Етно-саем „Пехчевски Павловден“ е локална манифестација која е самоодржлива и има висок позитивен импакт врз пошироката јавност, допира до локалните производители и ги промовира нашите културни и традиционални вредности.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK