В петок, 22 септември во офицерски дом – КИЦ Битола со почеток од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Кога ќе стивне прашината“ во издание на „Восток“ од Јасмина Атанасова.
„Некои работи имаат свој убав почеток…таков е и овој. Магијата на раскажувањето исткаена во душата и мислите на авторката Јасмина Атанасова. Таа не само што пишува туку и инспирира на создавање нов, сопстен свет, каде секој еден би бил свој личен херој“, се наведува во соопштението од КИЦ Битола.