Уште две недели до завршување на ликовниот конкурс на Ладна

ladna_konkurs_2004
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Остануваат уште само две недели до крајот на јубилејниот 10. ликовен конкурс на Ладна, во кој право на учество имаат младите уметници од 4 до 10 години. Нови креативни цртежи пристигнуваат секој ден, а двајца млади уметници ќе ја добијат и главната награда – патување во Дизниленд, Париз.







Целта на ликовниот конкурс на Ладна е да ја разбуди креативноста кај децата и едукативно да влијае преку применување на здрави и корисни навики во секојдневниот живот. Оваа година, Ладна реши да не ги ограничува учесниците и затоа темата е слободна. Младите уметници може да нацртаат се’ што ќе посакаат.

Цртежите заедно со податоците на детето (име и презиме, датум на раѓање, адреса и телефонски број на родителот/старателот) може да се закачат на веб-страницата www.ladna.com.mk или да се испратат електронски на e-mail адресата [email protected] со наслов „За ликовен конкурс на Ладна“ или по пошта на адреса ул. Столтенбергова бр.2 Скопје, со назнака „За ликовен конкурс на Ладна“, најдоцна до 08.05.2024. Оригиналните цртежи испратени по електронски пат задолжително треба да се чуваат.

Како и изминатите години, конкурсот е поделен во две категории: 1) деца на возраст од 4 до 7 години; и 2) деца на возраст од 7 до 10 години. Испратените цртежи можат да бидат во било која форма, техника и големина.

Прва награда:

Двајца добитници на магично патување во Дизниленд, Париз со нивните родители/старатели

Втора награда:

Двајца добитиници на едногодишен курс за цртање за усовршување на талентот на младите уметници.

Трета награда:

Двајца добитници на таблет за цртање кој ќе ги оживее соништата за дигитална уметност на младите уметници.

Затоа, ги охрабруваме младите уметници да учествуваат во ликовниот конкурс на Ладна и слободното време од пролетниот распуст да го исполнат со својот талент и да ги создадат своите креативни дела.

Ги очекуваме вашите цртежи, а за повеќе информации следете ја Ладна на ladna.com.mk, Facebook/Ladna.mk и Instagram/Ladna.mk.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK