Македонскиот уметник и стрип мајстор Златко Крстевски со свое дело учествува на меѓународната изложба „La vie de Chateaue“ (Живот во замокот) што се одржува од 24 јуни до 28 јули во Ла Риеш во Франција.
Делото на Крстевски е меѓу 70-те дела од 18 земји кои на изложбата се претставени виртуелно и се во Галеријата во замокот Ла плеси, како дел од големото фестивалско културно лето.
Станува збор за слики и цртежи, тематски инспирирани од Замокот, каде се претставени покрај разни концерти, џез сцена, уметност на циркуски акробати, разни улични настан.
Делата ќе бидат публикувани во фестивалско издание на градот Роше, во Франција.