Утре, на 1-ви Август, на фестивалот за краток филм во Галичник, ќе биде прикажан филмот, Турбо-Нет , по сценарио и режија на Надежда Панова.
Улогите ги толкуваат млади и искусни глумци меѓу кои Катина Иванова, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Сашо Тасевски, Исидор Јовановски, ИлијаВолчески, Ивана Павловиќ, Игор Трпчевски, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, и Петар Горко. Сценографијата е на Дејан Ѓошевски, камерата на Лашло Кадар а извршен продукцент е Виктор Павловски.
Филмот е приказната за едно семејство, и неговите предизвици после смртта на таткото, сопственик на Турбо-Нет, првото интернет кафуле во градот, и центар на друштвениот живот на почетокот на векот.
Подржан од Агенцијата за филм и фондот Синефором, Женева, филмот е ко-продукција на Пирејфилм, Скопје, и Камера300, Швајцарија.