Српскиот виолинист и музички педагог Јован Богосављевиќ ја промовираше композицијата „Аргентинска фантазија“ посветена на „Охридско лето“

jovan b
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Истакнатиот српски виолинист и педагог, Јован Богосављевиќ, вчеравечер на концертот на нишкиот симфониски оркестар „Кончертанте“ на „Охридско лето“ ја промовираше неговата композиција „Аргентинска фантазија“, напишана специјално за Фестивалот.

„Охридско лето“ е еден од најзначајните фестивали во Европа и регионот и затоа е голема честа и заволството да се претставиме пред овдешната публика. Концептот со кој се претставивме е „Аргентинска фантазија“, која секако го вклучува и Астор Пјацола како еден од најпознатите аргентински композитори. Јас ја напишав композицијата „Аргентинска фантазија“ која токму овде на фестивалот „Охридско лето“  ја доживеа својата светска премиера, вели виолинистот Богосављевиќ.


Богосављевиќ и неговата колешка, виолинистката Марија Рајковиќ на концертните подиуми настапуваат заедно петнаесеттина години а исто така го делат и приватниот живот. И двајцата се професори на Факултетот за уметности во Ниш.

-„Со Јован соработуваме заедно околу 15 години на сцената, а го делиме и приватниот живот. Популацијата што го следи „Охридско лето“ од година во година е популација која во лето престојува во Охрид токму заради фестивалот. Тоа им е начин на живот, сакаат и во периодот за одмор да им бидат задоволени нивните музички вкусови. Посебно нè радува што овојпат доаѓаме со нашите студенти што за нив е големо изнанадување и искуство на чело со маестра Милена Ињац, вели виолинистката Рајковиќ.

Камерниот оркестар „Кончертанте“ при Факултетот за уметности на Универзитетот во Ниш постои од основањето на образовната установа и е репрезентативен ансамбл што го сочинуваат најдобрите студенти на Факултетот за уметности во Ниш.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK